Огромно признание за Антиќ и Меккејлеб од ФИБА (фото)

Перо Антиќ и Лестер Бо Меккејлеб, се најдоа во најдобрата петорка на ФИБА за 21 век составена од помалку успешните европски селекции. Нашите поранешни репрезентативци беа клучни за успехот на Македонија за освоеното четврто место на Евробаскетот кој се одигра во Литванија во 2011 година.

Антиќ е најдобар центар, Меккејлеб е прв меѓу организаторите на игра, а петорката ја комлетираат Адам Ханга од Унгарија, Мирза Телетовиќ од БиХ и Јон Арнон Стефансон од Исланд.

https://twitter.com/EuroBasket/status/1284872972835131392

- Оглас -

Најнови вести