Симпатизерите на Универзитаета Крајова им приредија спектакуларен дочек на фудбалерите по победата против Ботошани, а популарните Студенти не ги плаши ниту пандемијата со ковид-19. Се собраа масовно да го поздрават успехот на избраниците на Кристијан Бергоди, кои се многу блиску до прекин на долгиот пост од 29 години без титула.
Универзитатеа го победи Ботошани со 2:0 и со 44 бода е лидер на табелата во плејофот за титулата. Имаат 4 бода предност пред актуелниот шампион Клуж и го чекаат на домашен терен во последното коло.
Главниот ривал на Универзитатеа има и многу проблеми со ковид-19, неколку фудбалери имаат позитивен тест, па натпреварите им се одложуваат.
Клубот од Крајова има два меча за доигрување на патот кон петтата шампионска круна во Романија, што би им била прва во овој милениум. Чекаат домашен трофеј од сезоната 1990/91, а единствениот конкурент Клуж има уште три натпревари за доигрување и гостување во последното коло на „Јон Облеменко“, стадионот во Крајова, каде што веројатно и ќе се одлучува за новиот шампион на Романија.