Најдобар момент за Јувентус да го победи Лацио

Јувентус – Лацио (21:45 ч.)

Ова е меч на кој Јувентус само треба да им покаже на противниците дека и сезонава џабе се надеваа затоа што Старата дама повторно ќе ја освои титулата во Серија А. Јувентус сезонава дома има 14 победи и само две нерешени без пораз, а во просек дава по 2,5 голови.

Лацио како да ја загуби силата по враќање на сезоната, па е без победа во последните четири кола во кои освои само еден бод. Римјаните сезонава во двата меча успеаја двапати да го победат Јувентус, но формата на гостите е само мотив плус за Јувентус да ја прекине оваа мини серија на противникот. Двата тима се напаѓачки и треба да има погодоци.

Предлог тип: 1&3+ (2.22)

 

Шефилд – Евертон (19 ч.)

Домаќините уште имаат шанса со настап во Лигата на Европа да ја крунисаат одличната сезона во Премиер лигата. Шефилд со победа ќе стигне само на еден бод од Тотенхем, кој е на позиција за излез во Европа.

Евертон е сигурен на средината, а ако се знае дека тимот од Ливерпул сезонава игра слабо на гости (11 порази во 18 дуели), реално нема што многу да бара на ова гостување.

Предлог тип:  1-3 I & 1-3 II (2.07)

 

Брајтон – Њукасл (19 ч.)

Уште еден бод му треба на Брајтон во последните две кола за да биде мирен кога се работи за играње во Премиер лигата и за следната сезона. Њукасл веќе како да е на летна пауза затоа што тимот кој е сигурен на средината на табелата нареди три порази.

Традицијата е неверојатна и вели дека дури девет од последните 10 меѓусебни меча завршиле со 0-2 гола, па овојпат ќе се потпреме на традицијата.

Предлог тип: 0-2 (1.81)

 

Тондела – Брага (20:15 ч.)

За домаќините секој бод е злато вреден затоа што на две кола до крајот имаат 30 бодови, колку што имаат и Сетубал и Портимоненсе, кои се под закана за испаѓање. Брага си има обезбедено место во Лигата на Европа и без многу притисок ќе оди на ова гостување.

Тондела е убедливо најслабиот домаќин во Португалија само со 11 освоени бода од 16 меча (две победи во 16 средби). Брага е квалитетен тим кој ако игра според своите можности, лесно треба да победи како што било и на претходните шест меѓусебни средби со овој ривал.

Предлог тип: 2-3 гола (2.10)

 

Хамaрби – Гетеборг (19 ч.)

Првенството во Шведска допрва треба да станува интересно затоа што досега се одиграа само девет кола. Ова е дуел на две екипи кои моментно се на средината од табелата, а Хамaрби ја има улогата на фаворит.

Традицијата вели дека Хамарби нема пораз од Гетеборг на нивните последни осум мечеви, па така треба да биде и според денешната пресметка.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.41)

 

- Оглас -

Најнови вести