Речиси пет месеци трае принудната пауза во тениската сезона поради пандемијата со корона-вирусот. Планот на Светската тениска федерација беше сезоната да продолжи со турнирот Сити Опен во Вашингтон, но од АТП соопштија дека и тој е откажан.
Сити Опен требаше да започне на 13 август, а на него настап најавија ѕвездите Данил Медведев, Кеј Нишикори и Стефанос Циципас. Откажувањето дојде како последица на зголемениот број заболени од корона-вирусот, но и одлуката за ограничување на патувањето, односно одлуката на Европската унија да ја остави затворена границата со САД. Играчите смееја да заминат во САД, но по враќањето во Европа ќе мораа да бидат во двонеделен карантин.
TOURNAMENT UPDATE ⤵️ pic.twitter.com/xHOcb6gcMy
— Citi Open (@CitiOpen) July 21, 2020
Оваа одлука за откажување на турнирот во Вашингтон е како најава дека можно е да не се игра ни Гренслемот, Отвореното првенство на САД. Засега организаторите на овој Гренслем уверуваат дека нема опасност од откажување, но сериозноста со корона-вирусот во САД може да доведе и до најнепопуларната одлука.