Дејан Кулушевски сè направи сам во финишот на мечот, а Парма благодарение на шведскиот репрезентативец со македонски корени, го победи Наполи со 2:1.
Кулушевски во свој стил продре по десната страна и потоа во шеснаесетникот беше фаулиран од Кулибали.
Kulusevski outpaced Koulibaly!pic.twitter.com/qwwL6XPsp4
— BI_1897 (@BI_1897) July 22, 2020
Судијата Џуа немаше дилеми и покажа на белата точка, а тоа беше и трет пенал на мечот. Успешно го реализира Кулушевски, а Парма конечно ја прекина серијата од 7 меча без победа.
https://twitter.com/ogoalfc/status/1286018358207557632?s=20
Претходно прецизни од белата точка беа и Капрари и Инсиње, па мечот беше решен со три прецизни удари од 11 метри.
Елиф Елмас и Дејан Кулушевски влегоа како резерви, Швеѓанецот во 59-тата минута, а македонскиот репрезентативец малку подоцна, во 65-тата минута.
Домаќините поведоа во судиското продолжение од првото полувреме. Џанлука Капрари доби шанса за деби гол во дресот на Парма и погоди за предност на Млекарите од 1:0.
На идентичен начин израмни Инсиње во 54-тата минута, а пеналите беа клучни за исходот на мечот што го реши Кулушевски во 86-тата минута.