Марк Маркес има луд план и сака да го оствари и да вози на Големата награда на Андалузија, во Херез, во недела, откако на истата патека само пред една седмица имаше страотен пад, што го одведе и на операција.
Настрада надлактицата на Шпанецот, па тој во вторникот беше опериран во Барселона, но покажа дека има јуначко срце и најавива дека ќе се трка и во недела на втората сесија во новата сезона. За тоа му треба лекарска дозвола, а дали Маркес ќе успее да се најде на патеката во недела, би требало да се знае денеска попладне.
Маркес имаше луда трка во Херез и во премиерата за оваа сезона, а откако излета од патеката во петтиот круг, успеа да се врати назад и како последен почна фуриозен поход кон врвот.
Шампионот возеше неверојатно на четири круга до крајот на трката, стигна до третата позиција и кога се подготвуваше за историја и за победа на трка на која бил последнопласиран, исфорсира и падна.
Летот во воздух беше страотен и иако Маркес покажа дека сè е в ред, сепак беше однесен во болница и дијагнозата беше скршеница на надлактицата.
Беше опериран во Барселона, а и тоа веројатно нема да го спречи со специјална заштита пак да се појави на патеката во Херез, втора на истото место на стартот од новата сезона.