Мирчеа Луческу, легендата и најтрофеен тренер во историјата на Шахтар Донецк, се врати во Украина и сега ќе му биде главен ривал на својот поранешен тим.
Романецот потпиша тригодишен договор со Динамо Киев за вкупна сума од 9 милиони евра, а предвидени се и бонуси.
Луческу долго размислуваше дали да ја прифати понудата на клубот што му беше голем конкурент при 12-годишниот престој во Шахтар. Клубот од Донецк и Динамо Киев развија големо ривалство во Украина откако земјата е независна, а под команда на Луческу, Шахтар освои неверојатни 22 титули.
Осумпати беа прваци на Украина, шестпати го освоија пехарот во националниот куп, имаат и 7 трофеи во Суперкупот и еднаш се радуваа на трофеј со триумф во УЕФА купот, потоа преименуван во Лига на Европа.
Луческу има 74 години и ќе заработува по 3 милиони евра по сезона во Динамо Киев, клуб со кого потпиша 3-годишен договор.