Мајк Челичниот Тајсон го потврди својот камбек во рингот по 15 години пауза. Тајсон во септември ќе ги одмери силите со Рој Џоунс џуниор, поранешен боксер во неколку категории и освојувач на сребрен медал на ОИ во Сеул 1988 година.
Ревијалниот спектакл во Калифорнија, кој се презентира под името „Лига само за легенди“, ќе трае до осум рунди, додека на настанот ќе има и борби меѓу боксери и ММА борци.
Introducing my new venture. Legends Only League, bringing back legends of all sports. @TysonLeague https://t.co/HllhUXyYG4 pic.twitter.com/647q4g5LTX
— Mike Tyson (@MikeTyson) July 23, 2020