Во Прилеп има мајстори за Лигата на шампионите и за Лигата на Европа

Лигата на шампионите и Лигата на Европа им донесоа големи добивки на двајца редовни наши типувачи од Прилеп. Типувачот кој уплатил во „Прилеп 4“, со уплата од 100 денари, доби 215.000 денари, и тоа само со три парови на тикетот.

Мечевите Бенфика – Ајакс и Лион – Хофенхајм нашиот типувач ги погодил и на полувремето и на крајот. Се надевал дека домаќините ќе водат по првите 45 минути, а на крајот да нема победник, токму тоа и се случи. Бенфика на пауза замина со предност од 1-0, Ајакс израмни за конечни 1-1, додека Лион испупшти два гола предност од првиот дел, а Хофенхајм со гол во судиското надополнување се избори за конечни 2-2.

Уште поголема храброст и многу среќа му требало за мечот Јувентус – Манчестер јунајтед, типувачот сметал дека Јунајтед ќе издвои победа на гости и при тоа ќе паднат два до три гола. Роналдо ја затресе мрежата на „ѓаволите“ во 65-тата минута, а Мата и Погба (со помош на Сандро) го најавија пресвртот и големата победа за конечни 2-1.

НЕМА „УТКА“ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Од 24 натпревари во Лигата на Европа, мора да се направи добитен тикет. Барем така сметал вториот добитник од Прилеп. Типувачот наредил 11 парови со мечеви од ова натпреварување, па со уплата само од 20 денари, џебот си го наполни со 88.337 денари, од кои 14.722 денари се бонус.

Само три од 24-те меча зазвршија без голови, а типувачот избрал 11 на кои типувал двознаци, но и како да знаел дека колото ќе биде украсено со доста погодоци.

Треба и храброст да се типува дека на мечот БАТЕ Борисов – Челзи ќе има повеќе голови во второто полувреме отколку во првите 45 минути. Но, типувачот очигледно е во тек со настаните, па знае дека „сините“ од Лондон сезонава често знаат да постигнуваат голови во вториот дел, па токму тоа и се случи. Жиру го постигна единствениот погодок на средбата само по неколку минути од почетокот на второто полувреме за конечни 1-0.

- Оглас -

Најнови вести