На 12 септември во рингот повторно ќе го видиме легендарниот Мајк Тајсон. Неодамна беше потврдено дека Челичниот Мајк ќе боксува во егзибициски дуели против Рој Џонс Џуниор. Бидејќи се работи за двајца пензионирани боксери, на овој меч ќе има посебни правила кои ги промовираше првиот човек на Атлетската комисија на Калифорнија, Енди Фостер.
„Судија нема да има. На двајцата боксери им соопштив дека ако има расекотина, мечот автоматски ќе биде прекинат. Бидејќи нема да има судија, мечот автоматски ќе заврши без победник, секако освен ако има нокаут или некој боксер не може да продолжи“, откри Фостер.
Според планот, борбата ќе биде во осум рунди, а се очекува да има голем број на купување на преносот и затоа заработката ќе биде голема.
https://www.instagram.com/p/CC_rMMxF7YN/?utm_source=ig_web_copy_link