Мбапе за повредата: Се слушна пукање

Килијан Мбапе со помош на штаки и бандажирана десна нога, синоќа го доби медалот наменет за победникот во Купот на Франција. Мбапе беше стартер на дуелот против Сент Етјен, но одигра едвај 30 минути. По точно половина час игра, Мбапе беше во контра напад, а противничкиот играч Перин, брутално стартуваше директно над неговата нога.

Мбапе остана да лежи да тревата и да се превитува од болка. Голгетерот на ПСЖ не можеше да го продолжи дуелот и беше заменет, а пред крајот на средбата се појави сп штаки во рацете.

„Се слушна пукање, но мислам дека ништо не е скршено“, беше правата реакција на Мбапе околу повредата, додека позираше со трофејот во рака. Вистинската информација за тежината на повредата на ѕвездата на светскито фудбал ќе се знае попладнево кога ќе бидат готови резултатите од деталните прегледи. Како изгледаше бруталниот старт над Мбапе може да видите ТУКА.

ПСЖ до крајот на оваа пролонгирана сезона треба да игра уште едно финале во Лига купот на Франција против Олимпик Лион на 31 јули, а потоа следуваат и мечевите од завршната фаза во Лигата на шампиони. ПСЖ во четвртфиналето ќе игра против Аталанта, а тренерот на тимот од Бергамо, Џанпјеро Гасперини вели дека му е жал за повредата на Мбапе.

„Жал ми е дека Мбапе се повредил. Тој е одличен дечко и се надевам дека не е ништо сериозно. Не сакаме да победиме, ако на некој друг му се случи несреќа. Впрочем ако победиш против тим со такви играчи, твојот резултат е позначаен“, рече Гасперини, кој синоќа со Аталанта одигра 1:1 на гости кај Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести