Во Серија А влезе тим кој уште сега е фаворит дека ќе испадне догодина

Кротоне синоќа убедливо со 5:1 славеше на гостувањето кај Ливорно и на тој начин си го осигура пласманот во Серија А за следната сезона. На две кола до крајот во Серија Б, Кротоне има 65 бодови, дури осум повеќе од третата Специја, па играчите на тимот од Калабрија можеа да започнат со славјето.

Популарните Ајкули по втор пати во својата историја ќе играат во Серија А. Прв пат беа дел од елитата во сезоната 2016/17, но по само една сезона мораа да се вратат во понизок ранг. Ако не сака да го снајде истото сценарио, Кротоне во летниот период ќе мора да размислува за засилувања, како би бил конкурентен во Серија А.

Претходно промовија во најсилната италијанска лига си обезбеди и Беневенто, тим кој има дури 18 бодови повеќе од Кротоне. Преку плејофот на екипите од третото до осмото место во Серија Б, ќе се бара третиот и последен патник за во Серија А за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести