Рускиот шампион Зенит Санкт Петербург, ги обедини трофеите од првенството и купот по денешната победа над Химки од 1-0 во финалето. Играчите на Зенит пресреќни за успехот ги понесе еуфоријата при кревањето на куп-титулата, меѓутоа прославата доживеа трагичен момент.
Капитенот Ивановиќ го крена трофејот, па кога дојде моменто да го проследи на соиграчите, му се лизна и го скрши. Кристалниот пехар не го преживеа падот, па играчите се обидоа да го состават назад како сложувалка.
https://twitter.com/MatchTV/status/1287068030401482754