Три желби, а две места за настап во Лигата на шампиони остануваат отворени во пресрет на последното коло на Премиер лигата. Манчестер јунајтед, Челзи и Лестер сакаат да бидат дел од најдобрите 32 екипи во Европа за следната сезона, но на крајот еден тим ќе извиси.
Според моменталната состојба на табелата, Манчестер јунајтед и Челзи имаат по 63 бодови, а Лестер е на петото место со 62 бодови. Челзи на свој терен игра против Вулверхемптон, а Лестер ќе го пречека Манчестер јунајтед во директен дуел.
Постојат повеќе калкулации за тоа кои две екипи на крајот од сезоната ќе се радуваат, а ние ви ги нудиме сите варијанти.
КАКО МОЖЕ ЧЕЛЗИ ДА СТИГНЕ ДО ЛШ
Челзи со победа или реми во дуелот со Вулверхемптон ќе има сигурно место во Топ 4, без разлика на исходот Лестер – Манечстер.
Дури и да загуби од Вулверхемптон, Челзи може да биде во ЛШ, но тогаш ќе мора да се надева и на пораз на Лестер на свој терен од Манчестер јунајтед.
КАКО МОЖЕ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДА СТИГНЕ ДО ЛШ
Манчестер доволно е да не загуби на гости кај Лестер за да остане една позиција пред денешниот ривал. Едноставно и со освоен бод Црвените ѓаволи сигурно ќе бидат еден бод пред Лестер.
Ако се случи Манчестер да загуби од Лестер тогаш ќе мора да се надева на пораз и на Челзи од Вулферхемптон за да остане во Топ 4 на табелата, затоа што во случај на ист број бодови со Челзи, Манчестер има подобра гол разлика и ќе биде пред лондонскиот тим.
КАКО МОЖЕ ЛЕСТЕР ДА СТИГНЕ ДО ЛШ
Победа над Манчестер јунајтед е најдобрата опција за шампинот од 2016 година. Со три бода Лестер сигурно ќе биде пред денешниот ривал и нема да треба многу да се пресметува.
Ако Лестер одигра нерешено ќе треба да чека пораз на Чезли од Вулверхемптон, па да се израмни по бројот на бодовите со тимот од „Стемфорд бриџ“ и да стигне до четвртото место затоа што Лестер има подобра гол разлика.
Доколку Лестер загуби, јасно е дека Манчестер јунатед и Челзи ќе бидат на позициите кои водат во Лигата на шампиони.
Не пропуштајте да се обложите во Sport Life на мечевите од последното коло во Премиер лигата.