Манчестер јунајтед го победи Лестер со голот од пенал на Бруно Фернандеш и на Џеси Лингард во самиот финиш и во директен дуел со Лисиците си обезбеди кам-бек во Лигата на шампионите за следната сезона.
Таму покрај Црвените ѓаволи, шампионот Ливерпул и Манчестер сити ќе игра и Челзи.
Сините од Лондон со два гола во финишот на првото полувреме го победија Вулверхемптон и го освоија четвртото место, последно што води во ЛШ.
Од Премиерлигата испаѓаат Норич, Ватфорд и Борнмут, а со реми против Вест Хем 1:1 спас во последен час пронајде Астон Вила. Во Европа Лигата ќе играат Лестер и Тотенхем.
Дербито на последното коло му припадна на Манчестер јунајтед против Лестер на „Кинг Пауер“. По фаулот над Марсијал во 71. минута, португалскиот репрезентативец Бруно Фернадеш погоди од белата точка и најави победа на гостите што ги води во Лигата на шампионите. Печат на големиот триумф стави Лингард со гол во 98. минута.
Еврогол за Челзи постигна Мејсон Маунт во победата од 2:0 против Вулверхемптон исто така вредна пласман во Лигата на шампионите.
Маунт стрелаше прекрасно од слободен удар за 1:0 во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме, а веднаш потоа и Оливие Жиру беше прецизен за сигурен триумф и нов настап во ЛШ.
Разврската во долниот дел од табелата беше интересен, а Астон Вила со реми 1:1 во Лондон против Вест Хем избори опстанок.
Пирова беше победата на Борнмут против Евертон на гости со 3:1, а популарните Цреши се селат во понизок ранг на натпревари.
Пјер-Емерик Обамејанг постигна два гола и имаше една асистенција во победата на Арсенал од 3:2 против Ватфорд, по која популарните Стршлени исто така се преселија во понизок ранг на натпревари.
Третиот гол на мечот што го постигна капитенот на Арсенал беше велемајсторски со ножички.
https://twitter.com/OnlyFootballCl1/status/1287411177404997635?s=20
Кевин Де Бројне имаше шанса со една асистенција да го израмни рекордот на Тјери Анри со 20 асистенции забележан во 2003 и успеа во 80. минута да стаса до подвиг со презицно додавање за гол на Рахим Стерлинг. Белгиецот претходно постигна и еврогол во победата на Манчестер сити против Норич од 5:0.
https://twitter.com/Samzyking_/status/1287414000406409216?s=20
Нови премиерлигаши се Лидс и Вест Бромвич Албион, а се чека и третиот билет за место во најквалитетната англиска лига што ќе го добие екипата која ќе биде најдобра во плејофот што почнува вечерва.
Резултати, последно 34. коло:
Лестер – Манчестер јунајтед 0:2, Челзи – Вулверхемптон 2:0, Манчестер сити – Норич 5:0, Њукасл – Ливерпул 1:3, Кристал Палас – Тотенхем 1:1, Евертон- Борнмут 1:3, Арсенал – Ватфорд 3:2, Вест Хем – Астон Вила 1:1, Саутемптон – Шефилд јунајтед 3:1, Барнли – Брајтон 1:2.