Флорин Мурешан, повеќекратниот европски и светски првак во традиционално карате, доживеа голема трагедија и остана парализиран откако по скок во базен со главата удрил во бетонскиот дел.
Мурешан има 28 години и доживеал фрактура на пршлените на рбетот и е неподвижен. Работел како обезбедување на базенот во Арад, Романија, каде и се случил инцидентот.
Веднаш се организираше акција за помош на несреќно повредениот Мурешан, кој со репрезентацијата на Романија има неколку европски и светски медали и титули во Традиционално карате.