Бразилскиот репрезентативец Вилијан е пред излезна врата во Челзи. Според најавите, играчот за врска нема да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната. За Вилијан останува да го одигра уште реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Баерн Минхен, а речиси невозможно е лондонскиот тим да продолжи понатаму, ако се знае дека на „Стемфорд Бриџ“ загуби со 0:3.
Вилијан цели седум сезони е дел од Челзи, клуб за кој одигра 339 меча и даде 63 погодоци, а се радуваше на две шампионски титули и по еден трофеј во ФА Купот, Лига Купот и Лигата на Европа. Според гласините од Англија, Бразилецот сепак решил да остане во Лондон, но да стави потпис со тимот на Арсенал.
Се чека само Вилијан да го одигра и последниот меч со Челзи, за да може потоа без никаков проблем да го комплетира договорот со Топчиите.
Chelsea are expecting Willian to join Arsenal on a free transfer at the end of the season.
The 31-year-old winger is set to become a free agent in August, and he has yet to accept Chelsea’s offer a new contract.
(Source: Guardian) pic.twitter.com/NcRPDiGNe6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 28, 2020