Напаѓачот на Реал кој сезонава даде гол против Барселона има корона-вирус

Реал Мадрид со сигурност ќе биде без Маријано Дијас во составот за реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Новиот шпански првак последниот меч од првенството го одигра на 19 јули, кога ремизираше 2:2 на гости кај Леганес, а потоа сите фудбалери добија неколку слободни денови.

Пред враќање на играчите во клубот, на сите им беше направен тест за корона-вирус, а единствено Дијас имал позитивен тест и затоа напаѓачот не беше на денешниот тренинг. Од Кралскиот клуб потврдија дека играчот кој од 2011 година е дел од клубот ќе биде во изолација и дека воопшто нема да биде во составот за дуелот со Сити на 7 август.

Дијас сезонава одигра седум меча за Реал и даде еден гол. Погодокот беше во Ел Класико против Барселона, кога неполна минута откако влезе на теренот, погоди за 2:0 и радост на „Сантијаго Бернабеу“.

 

- Оглас -

Најнови вести