Македонскиот клупски ракомет со пад од две позиции, но остануваме со четири клуба во Европа

Македонскиот клупски ракомет падна за две позиции, од третото на петтото место на најновата ранг-листа на Европската федерација ЕХФ, но тоа не менува ништо во однос на бројот на клубови кои ќе ги имаме во европските купови. И во сезоната 2021/22 нашата земја ќе ја претставуваат еднаков број учесници во европските купови (еден во Лигата на шампионите и три во Европската лига на ЕХФ).

Македонија има висок рејтинг, пред нас се само Германија, Франција, Шпанија и Унгарија, додека зад нас се Полска, Данска, Португалија, Хрватска…

При рангирањето се сметаат последните три сезони, па ги нема резултатите од сезоната 2016/17, во која Вардар ја освои првата круна во Лигата на шампионите, па и тоа е причина за падот заедно со скромните резултати на македонските екипи сезонава.

- Оглас -

Најнови вести