Едниот клуб е рекордер по бројот на титули, а другиот по бројот на загубени финалиња

Велат дека традицијата е многу важна работа во фудбалот, па ако се гледа во пресрет на денешниот меч, Пари Сен Жермен е голем фаворит за титулата во дуелот против Олимпик Лион. TПарижани имаат осум титули во девет финалиња, додека Лион е со само еден трофеј во пет финални дуели.

Светците сезонава веќе се радуваа на два трофеи, тој во првенството и во Купот, а сега сакаат да комплетираат хет-трик.  Лион ја имаше најлошата сезона во првенството и по повеќе од 30 години не обезбеди излез во Европа. Сепак ситуацијата може да се поправи со евентуална денешна победа против ПСЖ. Не треба да се заборави дека Лион уште е во игра и за трофејот во Лигата на шампиони. Французите ги чека реванш меч против Јувентус во осминафиналето, а во Торино ќе патуваат со предност од 1:0. Тренерот на Лион, Руди Гарсија е свесен за денешниот предизвик.

„Знаеме дека ПСЖ е супериорен, но ние нема да се предадеме. И ние имаме квалитетен состав, а тоа го покажува и фактот дека сме на еден чекор од пласман во четвртфиналето од ЛШ“, вели Гарсија.

Лоша работа за ПСЖ е тоа што во тимот ќе им фали Килијан Мбапе. Голгетерот го повредија во претходното финале против Сент Етјен, па дијагнозата му е да паузира три недели. Сепак и без Мбапе, ПСЖ има квалитетни играчи во нападот и тоа не треба да претставува проблем.

Тренерот Томас Тухел нема да отстапи од офанзивната тактика и во нападот задолжени за голови ќе треба да бидат Икарди, Нејмар и Ди Марија, потпомогнати од Верати.

Ова е мечот за денеска во фудбалска Европа и не треба да пропуштите да го типувате во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести