Ковач признава: Борусија Д. е фаворит во дербито

По долго време Баерн Минхен не се чувствува како фаворит на еден меч во германската Бундес лига. Актуелниот германски шампион ќе гостува кај Борусија во Дортмунд, во дербито на 11 коло. Баерн веќе има два порази и две нерешени средби, па заостанува четири бода зад лидерот од Дортмунд.

Тренерот на Баерн, Нико Ковач за прв пат вели дека неговиот тим не е фаворит и дека ќе може да најави дека против Борусија ќе се освојат трите бода.

„Јасно е дека Брусија Дортмунд е фаворит. Тие се лидери на табелата и имаат четири бода повеќе од нас. Ние сме тие кои треба да го бркаме заостанувањето. Доколку загубиме, седум бодови ќе бидат навистина многу. Ова е меч со голем влог, но најважно е ние да ја играме нашата игра“, рече Ковач, кој во случај на пораз може да добие отказ од Баерн.

Најтрофејниот германски клуб победи на трите последни меча против Борусија, но сега „милионерите“ покажуваат дека имаат сили да парираат и да бидат во трка за титулата во Бундес лигата. Овој пар го има и на нашата понуда на СПОРТСКА ПРОГНОЗА, па вистински предизвик е да го погодите исходот на овој меч, но и на останатите 11 кои ви ги нудиме.

 

- Оглас -

Најнови вести