Пари Сен Жермен сезонава ги освои сите трофеи кои можеше да ги освои во Франција. Вечерва го победија Лион со 6-5 по подобро изведување на пенали, откако по 120 минути игра немаше голови и средбата заврши 0-0. На трибините на „Стад д Франс“ имаше нешто помалку од 5.000 гледачи кои беа сведоци на овој историски меч, бидејќи Лига купот нема да постои од следната сезона.
После пет серии, сите пеналџии беа прецизни, а во шестата рунда, Кејлор Навас го одбрани шутот на Траоре, додека Сарабија погоди за радост на париските Светци.
За ПСЖ, ова е деветта титула во лига купи со што се најтрофејни, а Лион ќе почека друга прилика да го прекине постот без трофеј кој им трае од 2012 година.