Кристијано откри кои му се плановите за во иднина

Кристијано Роналдо уште еднаш потврди дека е вистински лидер на Јувентус, постигнувајќи 31 погодоци во сезоната која уште денеска ќе заврши во Италија. Португалецот синоќа заедно со своите соиграчи се израдува на шампионскиот пехар и испрати порака дека следната сезона ќе оди на трет трофеј во Серија А.

„Среќен сум што сум освоив две од последните девет титули во низа на Јувентус. Изгледа како да е лесно, но не е. Со талент, посветеност и напорно работење, секоја година може да ги освоите зацртаните цели и да бидете уште подобри. Мојата цел е трета титула по ред со Јувентус“, порача Роналдо.

И покрај дадени 31 голови, Роналдо сезонава сепак не е најдобар стрелец во Серија А, затоа што Чиро Имобиле од Лацио заврши со 36 погодоци, што е и израмнување на рекордот на Гонзало Игуаин.

Старата дама сега ја очекуваат предизвиците во Лигата на шампиони, каде во реванш мечот од осминафиналето ќе играат против Олимпик Лион. По првиот меч, Лион има предност од 1:0.

- Оглас -

Најнови вести