Лудакот ќе навива за Фулам за да пазари во Брентфорд

Популарниот Ел Локо, Марсело Биелса, вечерва ќе навива за Фулам и за победа на клубот од Кревен Котиџ против Брентфорд, за да добие големо засилување.

Вечерва од 20.45 часот на „Вембли“ се игра најскапиот клупски меч во историјата, што може да вреди неверојатни 300 милиони евра, а победникот на дербито на Западен Лондон ќе се пласира во Премиерлигата.

За Лидс и за неговиот менаџер Биелса многу подобра варијанта е да победи Фулам, бидејќи сакаат да го ангажираат Оли Воткинс од Брентфорд.

Воткинс заврши како втор стрелец во Чемпионшип сезонава, со еден гол помалку од најдобриот стрелец Александар Митровиќ со 26 погодоци.

Можно е вечерва да гледаме и дуел на двајцата топ-стрелци, ако Митровиќ ја санирал повредата поради која не играше во полуфиналниот двомеч на Фулам против Кардиф.

Бјелса секако ќе сака да го купи Воткинс, но цената ќе му биде многу  поголема, ако Брентфорд стане премиерлигаш.

Лидс е во преговори и со Норич за да го ангажира Емилијано Буендија. Канаринците испаднаа од Премиерлигата, а бараат околу 25 милиони фунти за одличниот Аргентинец.

 

- Оглас -

Најнови вести