Пандемијата со Коронавирусот предизвика финансиска криза и во најголемите клубови. Дел од нив решија да ги намалат платите на фудбалерите, дел отпуштија работници, а дел решија да издршат без никакви промени во тешките времиња.
Челниците на Арсенал имаа дадено збор дека нема да отпуштаат вработени во клубот, но по завршување на сезоната, ситуацијата се промени. Под изговор дека клубот има финансиски потешкотии, отказ добија 55 вработени во клубот. И додека Топчиите бркаат вработени, парарелно се работи и на доведување на нови играчи.
Речиси завршен е договорот за доаѓање на Вилијан од Челзи. На Бразилецот му завршува договорот со тимот од „Стемфорд бриџ“ и како слободен играч ќе може да се пресели кај соседот од Лондон. Вилијан за три дена ќе наполни 32 години, но тоа не е проблем да добие богат договор во Арсенал.
Се најавува дека Бразилецот прифатил да дојде меѓу Топчиите за неделна плата од 100.000 фунти, а договорот ќе биде потпишан на три сезони. Арсенал сезонава ја заврши со трофеј и тоа во ФА Купот, откако во финалето славеше тому над Челзи со 2:1.