Од Романија дојде интересна вест за случка од пред речиси 30 години, а се однесува на подмитување на судии. Некогашниот судија Јоан Данчиу тврди дека пред мечот Романија – Швајцарија од квалификациите за ЕП 1992, на кој на Романците им требала победа за да останат во трката за пласман на Еуро, идејата била судиите да бидат подмитени со девојки кои би им пружиле сексуални услуги на судиите и делегатот.
Како што вели Данчиу кој сега има 68 години, од трите девојки, едната велела дека била Мис на Венецуела, а им било платено однапред и чекале само да пристигнат судиите од Холандија. Но, арбитрите се појавиле без делегатот Џон Бланкештајн. Главниот судија рекол дека Бланкештајн останал во Ротердам, бидејќи е хомосексуалец. Девојките ги фатило паника, мислеле дека ќе треба да ги вратат парите.
Бланкештајн е прв судија кој призна дека е геј, а почина во 2006 година.
Романците победија со 1-0, но не се пласираа на континенталниот шампионат. Навиките да нудат девојки им останале и во следниот циклус. Екс англискиот судија Дејвис Елереј, во својата книга опиша дека бил однесен во една куќа надвор од Букурешт, и таму го чекале 12 жени.
„После кавијарот и шампањот, влегов во соба во која седеа 12 жени. Ми рекоа дека биле пејачки. Цело време останаа со нас, но во ниту еден момент не запеаја ништо“ – напиша Елереј.