Дали Олимпијакос е оштетен, каде видоа офсајд судиите? (Фото)

Екипата на Олимпијакос не си минува добро со судиите на гостувањето кај Вулверхемптон. Англискиот тим води со 1-0 по првото полувреме, Хименес даде гол од пенал, а подоцна Грците изедначија на 1-1, но по прегледување на снимката во ВАР собата, голот беше поништен. Со 1-0, Волците одат понатаму, а ако биде 1-1, ќе има продолженија.

Слика од спорниот момент покажува дека стапалото на дефанзивецот на Вулверхемптон е поставено така што нема офсајд, но некако е измерено дека лактот на играчот на Олимпијакос е понапред и затоа е досуден овој милиметарски офсајд.

 

- Оглас -

Најнови вести