Јуве мора да крои тактика без најкорисниот играч во Серија А

Повредата која го спречи вчера да тренира со остатокот од тимот, за Пауло Дибала значи дека вечерва против Лион во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите, тој нема да игра од првата минута. Најавите од Торино се дека во текот на денешниот ден, лекарскиот тим треба да каже дали Дибала воопшто ќе може да игра, па може да се случи Старата дама на најважниот меч сезонава да го нема Аргентинецот кој беше прогласен за најкорисен играч во италијанската лига.

Тренерот Маурицио Сари има План Б, и знае со кои 11-мина ќе почне мечот. Друштво на Кристијано Роналдо во нападот би требало да му прават Гонзало Игуаин и Хуан Квадрадо, додека во средниот ред истотака има дилеми, но во предност се Бентанкур, Пјаниќ и Рабио. За одбраната веројатно се знае: Шчесни на голот, Данило, Де Лихт, Бонучи и Алекс Сандро ќе се појават на стартот. Бернардески и Ремзи се играчите кои чекаат да влетаат во тимот ако Сари се премислии реши Квадрадо да го стави како десен бек, па Бернардески би било крило.

Јуве го загуби првиот меч со 0-1 и вечерва треба да нападне за да се пласира во четвртфиналето, каде потенцијални противници му се Манчестер сити и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести