Легендарниот украински фудбалер и некогашна голема ѕвезда на Милан, Андриј Шевченко, објави стара фотографија од еден дуел на Италија и Украина, на која тој позира со своите поранешни колеги со кои играше во Милан. За сите имаше по некој убав збор.
„Оваа слика многу ми значи“ – напиша популарниот Шева и почна да реди пофалби и честитки.
На Андреа Пирло му ја честиташе функцијата тренер на Јувентус и му посака среќа, на Алесандро Неста кој е тренер на Фрозиноне му посака среќа во вечерашниот бараж од Серија Б, а на Филипо Инѕаги му честиташе роденден и му честираше за влезот во Серија А со Беневенто.