Предизвикот на Ледецки успешно го изведе 70-годишниот Марк Шпиц (Видео)

Легендарниот пливач Марк Шпиц потврди дека и на 70-годишна возраст е во врвна форма и може перфектно да одржува баланс. Тој успешно одговори на предизвикот на Кети Ледецки, која исплива низ цела должина на базен со чаша полна со течност притоа без да истури ниту една капка од течноста. Ледецки пливаше со шолја со млеко, а Шпиц стави чаша со вода врз главата.

На крај, откако исплива во домашниот базен, деветкратниот олимписки шампион триумфално ја истури водата во базенот. Шпиц на Олимписките игри во Минхен во 1972 година освои дури седум златни медали и со тоа влезе во историјата на пливањето и спортот.

- Оглас -

Најнови вести