Бекам носи поранешен соиграч во Интер Мајами

Блез Матуиди е првиот играч кој ги напушта редовите на Јувентус по најавената чистка од страна на новиот тренер Андреа Пирло. Искусниот играч за врска ќе го засили тимот на Дејвид Бекам во МЛС-лигата, Интер Мајами.

Италијанските медиуми потврдија дека Матуиди се наоѓа во Париз, каде што треба да ги изврши медицинските прегледи пред да стави потпис на тригодишниот договор. Фудбалерот ќе потпише за новата американска франшиза како слободен играч, откако се согласил на прекин на соработката со Бјанконерите.

Матуиди имаше понуда да се врати во Лига 1 по покажаниот интерес од Лион, меѓутоа одлучи да игра за тимот на поранешниот соиграч од ПСЖ и англиската легенда, Дејвид Бекам.

 

- Оглас -

Најнови вести