Интер има предност од 2:1 против Баер Леверкузен по првото полувреме во четвртфиналето во Лигата на Европа, а многу интересен момент имаше во средината на првиот дел.
При резултат 2:1, судијата Карлос дел Серо Гранде досуди пенал за Интер, но потоа двапати мереше и пресече дека сепак ќе нема удар од белата точка.
Д’Амброзио го погоди Сингравен во пределот на рамото, што се потврди и со повторување на спорниот момент од 26-тата минута.
Шпанскиот судија двапати го гледаше спорниот момент и иако Ромелу Лукаку беше подготвен за да изведе казнен удар, сепак пенал немаше.
https://streamable.com/r6wmbc
Интер поведе со голот на Барела во 15-тата минута, што е и прв погодок во четвртфиналните мечеви во ЛЕ во ова издание.
https://twitter.com/SnapGoal/status/1292903195803607040?s=20
Потоа прецизен беше Лукаку во 21-вата минута за 2:0. Со овој гол Белгиецот е во серија од 9 меча во Лигата на Европа на кои постигнувал најмалку по еден погодок, што е рекорд во ова натпреварување.
https://twitter.com/SnapGoal/status/1292904476492300288?s=20
Кај Хаверц во 25-тата минута со првиот погодок за Баер Леверкузен намали на 2:1.
https://twitter.com/SnapGoal/status/1292906797100077063?s=20