По вчерашниот пораз од Интер во Лигата на Европа, тренерот на Баер Леверкузен, Питер Бош, не беше многу разочаран. На прес-конференцијата не зборуваше толку за самиот меч колку што новинарите сакаа да дознаат кога, односно дали воопшто ќе се случи трансферот на Кај Хаверц во Челзи.
Бош на шега одговори дека има ексклузивна информација и дека Хаверц ќе потпише за холандскиот клуб Хераклес Алмело, а не помина многу време и Хераклес се надоврза на шегата.
На твитер-профилот на Хераклес се појави фотографија на Хаверц во клупскиот дрес и му посакаа добредојде на младиот германски репрезентативец.
https://twitter.com/HeraclesAlmelo/status/1293080474907271171