Време е за нокаут-фаза во ЛШ, почетокот во Лисабон ветува многу голови

 

Малме – Оребро (Шведска, 19 часот)

Малме е во топ-форма и има само еден пораз на последните 17 меча, па лидерот во Шведска е апсолутен фаворит против Оребро.

Поразот во финалето на националниот куп од Гетеборг е болен за Малме, но веднаш му се реваншираа на истиот противник со убедлива победа од 3:0 во првенствен меч.

Играчите на 20-кратниот шведски првак покажаа карактер и експресно се вратија на вистинскиот колосек и се главни фаворити за рекордната 21-ва шампионска круна.

Оребро има четири порази од Малме во серија и типуваме дека повторно убедливо ќе загуби.

Предлог тип: 1-1 (1.90)

 

Ѓургарден – Мјалби (Шведска, 19 часот)

Ѓургарден чекаше цели 14 години за да ја освои 12-тата титула, а моментно во мисијата да се одбрани пехарот заостанува за 8 бода зад Малме.

Составот на шампионот не е многу променет во однос на ланската сезона, што ја завршија триумфално, а пак се надеваат дека ќе успеат да го надмудрат Малме и останатите конкуренти за првото место.

Ким Бергстранд е еден од најдобрите тренери во Шведска, што е гаранција за успех, но Ѓургарден веќе нема право на грешка ако сака 13-та титула во колекцијата.

Мјалби игра солидно, амбициите се да стане стабилен прволигаш, а еднаш годинава веќе го изненади шампионот во меч од Шведскиот куп. Ѓургарден е подготвен за реванш за поразот од 1:2 во март и типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.70) Супер тип на Sport Life

 

Глазгов ренџерс – Сент Џонстон (Шкотска, 20.45 часот)

Ренџерс испадна од Лигата на Европа со втор пораз од Баер Леверкузен, но затоа тргна добро во новиот шампионат во Шкотска. Избраниците на Стивен Џерард забележаа две победи, вечер одат по хет-трик и ќе се обидат и на третиот меч по ред да не примат гол.

Сент Џонстон вторпат ќе гостува во новата сезона. Ја почнаа со реми против Данди јунајтед, што не е лош резултат. Од клупата ги предводи поранешниот шкотски репрезентатовец Калум Дејвидсон, кој има играно во Премиер лигата и против Џерард, па сега ќе биде интересен нивниот нов дуел во поинаква улога.

Ренџерс е гигант на шкотскито фудбал и секогаш е фаворит против екипи од калибарот на Сент Џонстон, а очекуваме дека ќе победи во ефикасен меч, а ќе има и предност по првото полувреме.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)

 

Аталанта – Пари Сен Жермен (Лига на шампиони, 21 часот)

Изненадувањето од Чизмата ќе ја претставува Италија како единствена екипа во завршницата на Лигата на шампионите, епилог што е сензационален.

Хитот од Бергамо не мисли да запре и покрај проблемите што ги има и сега пред дуелот со ПСЖ, но и во текот на целата сезона.

Беа погодени од корона-вирусот, нивниот меч со Валенсија во Милано беше темпираната бомба за големата пандемија што ја зафати Ломбардија, но ги истуркаа сите проблеми витешки и се една од најсимпатичните екипи во Европа.

Против ПСЖ, Џанпјеро Гасперини ќе ги нема на располагање голманот Голини, дефанзивецот Паломино и мозокот на тимот Иличиќ, но Аталанта нема да се предаде. Играат суператрактивен фудбал за гол повеќе и имаат ривал по мерка за таква игра.

ПСЖ е машинерија за голови, долг период се неприкосновени во Франција, но главна цел години наназад е пехарот во Лигата на шампионите. Ако игра Килијан Мбапе, растат драстично шансите на Светците, но Аталанта покажа дека е голем залак за фаворитите.

На дуел на две екипи што се ултраофанзивно ориентирани, топ-избор е некоја од игрите на голови, а ние ќе типуваме дека ќе има најмалку 3 на мечот и дека ќе се тресат мрежите и на Спортиело и на Навас.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.67)

 

Порденоне – Фрозиноне (Плејоф, Серија Б, 21 часот)

Порденоне си заврши огромна работа со победата од 1:0 на гостински терен, што им носи двојна предност пред реваншот со Фрозиноне.

Сега секој пораз од еден гол-разлика ги носи во финалето од плејофот и на мегдан на Специја бидејќи во баражот во Серија Б при евентуален израмнет вкупен скор во двомечот, одлучува подобрата позиција од регуларниот дел.

Тука Порденоне беше подобра од денешниот ривал, па може да си дозволи луксуз и да загуби со еден гол разлика и повторно да биде финалист во битката за последниот билет што води во Серија А.

Фрозиноне нема што да брани, му треба победа од два гола разлика и ќе мора да тргне во офанзива, што е шанса за опасните контри на домашниот тим.

Предлог тип: ГГ (2.03)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:

Пекинг Гуан – Хебеи 1&3-5 (2.25)

Аталанта – ПСЖ Х2&ГГ (2.00)

Аталанта – ПСЖ 1+I&2+II (2.25) 

 

 

- Оглас -

Најнови вести