Искуството на Атлетико Мадрид ќе биде значаен адут во дуелот со Лајпциг вечерва на „Жозе Алвеладе“ во Лисабон, а интерсен е податокот дека тренерот Диего Симеоне го предводел шпанскиот тим на повеќе натпревари отколку што вкупно во клупската историја има одиграно германскиот тим.
Популарниот Чоло е шеф на стручниот штаб на Атлетико од 2011 година и од клупата ги предводеше Јорганџиите на 478 натпревари во сите конкуренции, или за 84 мечеви повеќе од тие што во клупската историја ги има одиграно Лајпциг.
Популарните Бикови се формирани во 2009 година, само две лета пред доаѓањето на Симеоне на клупата на Атлетико.
Аргентинецот има многу натпревари како кормилар на шпанскиот клуб на европската сцена и му води на Лајпциг со 478:394.
Симеоне двапати го доведе Атлетико на прагот на европската круна, но двапати губеше во финалето од Реал Мадрид. Аргентинецот има два пехари со Јорганџиите освоени во Лигата на Европа, уште два во колекцијата додаде и во Суперкупот на Европа, а со својот клуб успеа да биде и шампион на Шпанија и еднаш да слави и во Копа дел Реј.
Мечот од четвртфиналето меѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг ќе се игра вечерва од 21 часот, а разликата меѓу Симеоне и Лајпциг и по денешниот дуел во ЛШ ќе остане на истата кота 84.