Барселона се плаши од Вардар

Вардар утре во „Јане Сандански“ ќе ја пречека Барселона, во дербито од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак и каталонскиот гигант имаат по 5 победи и еден пораз и кој ќе слави на утрешниот меч, ќе биде осамен на врвот на табелата в А групата.

Тренерот на Барселона, Чави Пасквал многу добро ја знае силата на Вардар и без разлика на неколкуте измени во составот од минатата сезона, стратегот на гостите се плаши од силата на „црвено-црните“.

„Вардар направи неколку промени во играчкиот состав, но ја задржа силата. Фактот дека имаат пет победи и само еден пораз покажува на кое ниво е нивната игра. Ова дефинитивно е едно од најтешките гостувања во Европа и затоа мора да одиграме максимално сконцентрирани и да нема опуштање во текот на сите 60 минути“, вели Чави Пасквал.

Барселона на последното гостување во Скопје си замина поразена, а секако дека навивачите на Вардар посакуваат исто сценарио и по утрешната средба.

 

- Оглас -

Најнови вести