На последниот тренинг на Лион кој се одржа утринава во пресрет на дуелот против Манчестер сити во Лигата на шампионите, на повреда се пожалил Хусем Оуар. Медицинскиот тим морал да интервенира, а станува збор за болки во левата нога.
Оуар е еден од клучните играчи во составот на Руди Гарсија, па би била вистинска штета доколку францускиот играч за врска го пропушти тешкиот дуел со Манчестер сити.
Неивесноста со Оуар е дополнителна мака за Лавовите ако се знае дека за вечерашната средба неизвесни за настап се дефанзивецот Денајер и офанзивецот Корне.