Фуенлабрада преживува тешки моменти и од прагот на настап во плејофот за пласман во Ла Лига, за што им фалеа само секунди, сега им се заканува преселба во понизок ранг на натпревари.
Шпанската фудбалска федерација, РФЕФ, им се закани со преселба во Трета лига, поради тоа што навреме не пријавија дека имаат фудбалери со позитивни тестови на Ковид-19.
Поради тоа беше одложен мечот од последното коло во популарната Сегунда со Депортиво Ла Коруња. По многу неизвесност и пролонгирање на мечот, сепак се се одигра на терен, а играчите на Фуенлабрада го доживеаја првиот шок веќе на „Ријазор“.
Иако за настап во плејофот за пласман во Ла Лига им беше доволно да одиграат и нерешено, а водеа со 1:0, на крајот загубија со 2:1, со гол од пенал во последните мигови од мечот што беше неважен за Депортиво Ла Коруња.
Сега од РФЕФ им с заканија со исфрлање од Втората шпанска лига, поради тоа што ги криеле резултатите на дел од фудбалерите со шпозитивни тестови на корона-вирус.