На трката за големата награда на Австрија во кралската класа се избегна голема трагедија по судир на двајца возачи. Жоан Зарко и Франко Морбидели во битка за позиција приредија опасна сообраќајка, а нивните мотоцикли летаа неколку метри по патеката.
Настрана возачите кои се судрија, дуото на Јамаха Маверик Вињалес и Валентино Роси исто така можеа да настрадаат и тоа многу потешко, но имаа голема среќа. Едниот мотоцикл прелета преку главата на Вињалес, додека вториот за малку го одмина Роси.
За среќа никој не е потешко повреден, а трката засега е прекината.
https://twitter.com/f1cult/status/1294972235032285184
https://twitter.com/darcyf1/status/1294971381042405377