Лука Јовиќ зад себе има ужасна сезона на фудбалски, но одлична на личен план. Во фудбалот не му оди, грее клупа во Реал Мадрид, имаше корона-вирус, но љубовта со девојката Софија Милошевиќ му цути. Манекенката е трудна, па Лука одлучи денеска да ја запроси и тоа го направи клекнувајќи на колена во една јахта.
Јовиќ и Софија се на одмор во Италија, а папараци ги фатија во вистински момент и ексклузивно ја објавија информацијата. Можеби како оженет човек ќе му тргне и ќе дава повеќе голови.
https://www.instagram.com/p/CD9I1_QgeaN/?utm_source=ig_web_copy_link