Играчите на Интер ќе имаат поддршка во Дизелдорф лично од претседателот на клубот, Џанг Кангјанг, а во западниот свет викан Стивен Џанг. Кинескиот бизнисмен, кој има само 28 години, всушност е син на познатиот богаташ Џанг Жиндонг, но нему му е дадено раководењето со Интер.
Младиот Стивен повеќе од пет месеци беше во Кина и немаше никаков контакт со играчите или тренерот, но вчера се појави и имаше средба со тренерот Антонио Конте во хотелот, и го следеше тренингот пред мечот со Шахтар. Тој сакаше да му покаже на тимот дека се мисли на нив.
Очигледно Џанг почувствува дека сега е моментот да му се даде силна поддршка на тимот и по десет години, во клупските витрини да се стави нов европски трофеј.
Џанг разговарал и со капитенот Самир Хандановиќ, а со Конте разговарале само за претстојната завршница во ЛЕ, не и за иднината на тренерот на клупата на Интер. Младиот претседател му верува на Конте, но ако не го освојат пехарот во ЛЕ, можно е и да дојде до разделба.