Светците против Лајпциг ќе го имаат и Ангелот кој не настапи против Аталанта

Ако ПСЖ испаднеше во четвртфиналето од Аталанта, еден од најтажните ќе беше Анхел ди Марија, кој поради суспензија го пропушти тој меч, но сега Аргентинецот е најсреќен што доби шанса да игра полуфинале и најверојатно ќе биде стартер и опасност плус за Лајпциг.

Парижаните сонуваат за прва европска титула, на два чекори се од тоа, а искуството на Ди Марија, кој веќе освојувал ЛШ, ќе биде од огромно значење за нив. Освен присуството на Ди Марија во почетниот тим на ПСЖ, новина ќе бидат и голманот Серхио Рико, кој ќе брани на местото на недоволно закрепнатиот Кејлор Навас, и Килијан Мбапе, за кого се очекува овојпат да почне од прва минута.

- Оглас -

Најнови вести