Време е за добивка, фаворитите играат денеска

Кога на распоредот во европскиот фудбал нема Лига на шампиони, поголем дел од фаворитите, своите мечеви ги играат во недела, за да може да добијат уште еден ден за одмор. Токму таква е и оваа недела. Поголем дел од европските гиганти денеска ги играат редовните мечеви од домашните првенства.

Барселона на „Камп Ноу“ го пречекува Бетис, кој го има победено девет пати во последните 10 меѓусебни средби. Најголемиот ривал на каталонците, Реал Мадрид ќе гостува и тоа во Виго кај Селта. Домаќините знаат да бидат незгоден ривал, но ова е вистинска мотивација за тренерот Сантијаго Солари да ја продолжи победничката низа со Реал Мадрид и конечно да добие постојан договор, барем за до крајот на годината. Откако Солари седна на клупата, Кралскиот клуб има три победи во низа и тоа без ниту еден примен гол.

Од европските фаворити, прв работата треба да ја одработи Интер. „Нераѕурите“ во 12:30 часот гостуваат кај Аталанта. Минатата сезона на ова гостување Интер одигра без голови, но сега со многу повеќе самодоверба Мауро Икарди и останатите веруваат во триумф.

Во Серија А, полесна задача би требало да има Рома. „Волчицата“ на свој терен игра против Сампдорија. Сепак, резултатите од последните три меѓусебни дуели се на страна на гостите. Минатата сезона Сампдорија славеше во Рим со 1:0, а на претходните два меча има уште една победа и реми.

Арсенал во Лондон игра против Вулверхемптон. „Топчиите“ очекуваат три бода, за да може да останат во ритам со водечката четворка на табелата. Ако се гледа денешната понуда од Премиер лигата, најреално е да има само „единици“.

ПСЖ гостува кај Монако, во меч кој ако се играше пред неколку сезони ќе беше вистинско дерби, но не и сега. Монако е очаен и повеќе од 10 меча нема победа во сите натпреварувања. Секако, ПСЖ не е ривалот против кој може да ја прекинат оваа низа.

 

- Оглас -

Најнови вести