Динамо на Седлоски оди по полуфинале во јуниорската ЛШ, ама квотата за победа е огромна

Тимот на Динамо Загреб за фудбалери до 19 години, предводен од тренерот Гоце Седлоски, попладнево во Нион игра четвртфинале во јуниорската Лига на шампиони против Бенфика. Според квотите во Sport Life, Португалците се фаворити на хартија, но тоа не значи дека тимот на Седло е без шанси.

Проблем за Динамо е што има четворица повредени и суспендирани важни играчи, еден си замина, но македонскиот стратег е задоволен од тоа што го има на располагање.

„Два месеци сум на клупата на овој тим и можам да кажам дека момците се супер, работат напорно, вистински професионалци се. Веруваме дека против Бенфика можеме да го оствариме посакуваниот резултат. Ни фалат два бека, ќе треба да смислиме нешто во задната линија, но имаме играчи кои настапувале и за првиот тим на Динамо, тие ни носат квалитет. Во Нион не отидовме на излет, ова е историска шанса за клубот и за сите нас, еден меч е, сè е можно“, вели 46-годишниот Седлоски.

На патот до четвртфиналето Динамо дојде откако во групната фаза беше втор, па во плејофот ги надигра Динамо Киев и Баерн. Победникот од дуелот Динамо – Бенфика во полуфиналето ќе се сретне со Митјиланд или Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести