Гоце Седлоски не успеа да приреди подвиг и да ги предводи талентите на Динамо Загреб до полуфиналето во јуниорската Лига на шампиони по поразот од Бенфика со 1:3.
Нашиот познат ас, сега тренер на екипата на Динамо за играчи до 19 години, доби шанса за историски успех откако го наследи Игор Јовичевиќ, кој со надежите на тимот од Загреб се пласира во четвртфиналето уште во март, пред прекинот на сезоната.
Динамо почна одлично и поведе со голот на Карица во 16-тата минута, но потоа следуваше пресврт на фаворитот од Лисабон. Араухо израмни во 37-мата минута, а потоа во вториот дел Рамос со два гола да ја одведе Бенфика во полуфиналето.
Претходно и Ајакс со идентичен резултат беше подобар од Митјиланд, па со популарните Орли ќе одлучуваат која екипа ќе игра во финалето и за пехарот во јуниорската ЛШ.