Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, ќе предложи мечевите од Лига на шампиони да се играат на крај на неделата, а вторник и среда да бидат термини за играње на репрезентациите и националните шампионати.
Во оваа „војна“ за превласт во фудбалот, се вмеша и Светската федерација ФИФА. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се закани дека оние фудбалери кои ќе настапат во хипотетичката Суперлига, нема да имаат право да учествуваат на Светско или Европско првенство, ниту на светско клупско, Копа Америка, Копа Либертадорес, итн.
На 3 декември ќе има состанок на УЕФА, на кој ќе се разгледува идејата за воведување на видео-технологија за мечевите од ЛШ уште во тековната сезона, а ќе се даде предлог и за формирање на ново клупско натпреварување со што во трите натпреварувања би имало вкупно 96 учесници.