Шесткратен првак се врати во Првата лига и веднаш почна со продажба на билети и покрај забраната за навивачи на стадионите

Шесткратниот романски шампион УТА Арад се врати во Првата лига по пауза од 13 години и веднаш почна со ризичен потег и продажба на билети за новата сезона 2020/21.

Во Романија сè уште важи забраната за присуство на публика на трибините, но новите прволигаши одлучија да ризикуваат и да почнат со продажба на влезници.

Интересот за настапите на четвртата најтрофејна екипа во Романија е голем во Арад, па се очекува билетите што се движат од 4 до 25 евра за ВИП ложа да бидат брзо распродадени.

УТА има и нов стадион на кој ќе игра како прволигаш и долга и успешна традиција од минатиот век. Тимот доминираше во поствоениот период и освои дури четири титули во првата декада по Втората светска војна.

Последната шампионска круна им е освоена во сезоната 1969/70, а интересно е што со шесте пехари се веднаш зад гигантите Стеауа и Динамо и Венус, тим што веќе не постои, по бројот на титули во Романија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести