Стисна противник за меѓуножјето и доби суспензија од осум натпревари (Видео)

Рагбито е машка игра, но потегот кој го направи играчот на Сент Хеленс, Томи Макинсон, не е баш мажествен, па тој „зафат“ врз ривалот Лајам Вотс од Каслфорд не помина добро за Макинсон. Рагбистот се најде на тапет на дисциплинската комисија, а поради фаќање и стискање на межѓуножјето на противникот, за висината на казната одлучува посебен панел на судии.

Макинсон веројатно тоа го стори од немоќ и за да му утежни на противникот, посегна по крајна, не баш популарна солуција. Судиите го видоа тоа, па Макинсон сега го чека драконска казна од минимум осум меча забрана за настап. Ова ќе биде пример и за другите рагбисти да не го прават тоа.

Погледнете го потегот кој на Макинсон ќе му донесе долготрајна суспензија:

- Оглас -

Најнови вести