Оштетен ли е Интер? Карлос играше со рака, Макели не досуди уште еден пенал за Интер (Видео)

Севилја и Интер играат возбудливо финале во Европа Лигата со голови и доста шанси и офанзивен стил на игра, а имаше и спорна ситуација при резултат 1:1.

Во 17. минута Барела биеше кон голот на Боно, а топката го удри в рака Карлос, играч што беше виновен и за првиот гол на мечот, кога направи фаул во шеснаесетникот на Севилја над Лукаку.

Овојпат судијата Дани Макели од Холандија одлучи да не покаже на белата точка, а го акзни со жолт картон Антонио Конте. Тренерот на Интер реагираше бурно, но попусто, бидејќи неговиот тим не доби и втора шанса за удар од 11 метри.

По првото полувреме резултатот е 2:2.

Спорниот момент можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести