Фудбалска мајсторија каква ретко се гледа, гол кој мора да се види (Видео)

Натпреварот од српската втора лига помеѓу Железничар Панчево и Жарково заврши 2-2, а беше посебен за домашните кои првпат во 73-годишното постоење заиграа во оваа конкуренција, но средбата ќе се памети и по голот на Никола Митровиќ за водство од 1-0.

Пред почетокот на мечот, на тимот од Панчево му беше доделен пехар за титулата во српската лига Војводина, а потоа Старата дама од Тамиш како што е прекарот на клубот, тргна фуриозно во обид да победи. Имаа и 2-0, но неискуството го зеде данокот, па гостите со два гола во последните 15 минути, се извлекоа.

Митровиќ во 15-та минута на гради ја прими топката, убаво се ослободи од противникот и не дозволи топката да падне на земја туку ја шутна со маестрален волеј и го совлада противничкиот голман. Евроголот може да го видите во 51-вата секунда од видеото:

- Оглас -

Најнови вести